Личната карта на Папата Јован Павле Први продадена на аукција
23 јуни, 20110

На интернет аукцискиот веб сајт eBay се најде и мал дел од папската историја, личната кара на Албин Лучијани, познат како Папата Јован Павле Први.
Документот кој е издаден во 1978 година кога Папата бил венецијански кардинал, продаден е за 5200 евра, пишува италијанскиот весник Газетино, додавајќи дека парите ќе бида наменети во хуманитарни цели.
Јован Павле Први е избран за Папа во август 1978 година. Таа функција ја имаше само 33 дена. Одредени извори тврдеа дека бил отруен, бидејќи сакал да ги расчисти односите со ватиканското банкарсво.