Во Украина се откриени остатоци на можеби најстарите луѓе во Европа

23 јуни, 20110
Ukraine-flag-map copy

Археолозите во Украина открија човечки остатоци кои може да им припаѓаат на најстарите луѓе во Европа.

Во пештерата Буран-Каја во Украина, археолозите ископаа коски, заби, оружје, накит од слонова коска и животински остатоци, а утврдени се и 32.000 години стари исекотини на коските кои укажуваат дека коските биле исчистени од месо како дел од посмртни ритуали, пренесува BBC.

Археологот Александар Јаневиќ од Украинската национална академија на науките, ја открил пештерата Буран-Каја усте во 1991 година, од тогаш до денес  во неа се пронајдени повеке од 200 фрагменти на човечки коски. Врз основа на пронајдените остатоци, археолозите го поврзуваат овој народ со културата на Граветинјаните. Оваа култура се сретнува по целиот европски континент, а наречена е по местото Ла Гравет во Франција, каде е и првпат откриена. Најмногу ги има заинтригирано археолозите тоа што недостасуваат коски од екстремитетите. На локалитетот пронајдени се остатоци од р’бет, заби и делови од череп, но бројот на долги коски од екстремитетите се многу малку пронајдени или скоро и да нема. Исто така, положбата на исекотините на човечките коски се разликуваат од исекотините на животинските коски. Коскената срж кај животинските коски е извадена, додека кај човечките коски не е, со што се верува дека тие биле чистени во посмртните ритуали, а не користени во исхрана. Овие откритија на археолозите им  овозможуваат увид во раната и прилично важна човечка култура, изјавува Клај Финлајсон, директорот на Гибралтарскиот музеј.

“Граветинјанската култура ги дефинира модерните луѓе. Тие користеле ножеви, кампувале на отворено, користеле коски од мамут за подигање на шатори, изјавил Финлајсон и додал дека локалитетот во Украина е најран пример на културната традиција на Гравитјаните.

Тој изјавил и дека ова откритие покажува и дека првите модерни луѓе во Европа доаѓаат од руските низини, а не од Блискиот исток преку Балканот како што е досега сметано.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi