Лифтинг диета

9 ноември, 20110
dietaaaaaa

Многу научници тврдат дека лошата исхрана е директно одговорна за брчките, дегенеративните процеси и забрзаното стареење. Ви ја претставуваме оваа диета која првенствено се фокусира на подобрување на изгледот на кожата.

Диетата ја измислил доктор Никола Периконе, а досега ја испробале голем број на познати актерки: Џулија Робертс, Ума Турман, Кортни Кокс, Хајди Клум, Ким Катрал и Парис Хилтон. Лифтинг диетата на Периконе не е фокусирана на губење на тежината, туку на намалување и санирање на оштетувањето на површинските слоеви на кожата. Но, тоа не значи дека оваа диета нема да ви помогне да ги стопите вишокот на килограми.

„Стареењето е прогресивна воспалителна болест, која може значително да се успори со правилна исхрана. Со годините ја губиме мускулната маса и поткожното масно ткиво, што предизвикува појава на брчки и стареење на кожата, што може делумно да се спречи со внесување на вистинската храна“, вели Перконе.

Главен столб во лифтинг гиетата е дивиот лосос, но може да се јаде и туна, пастрмка и школку, кои исто така се богати со омега-3 масни киселини кои на кожата и даваат влага, го успоруваат стареењето, но и ја регулираат прекумерната тежина. Во прилог на рибата подготвена на скара, два од трите главни оброци треба да вклучуваат шумско овошје, зелена салата и диња, а третиот пилешко, салати и свежо овошје. Наместо кафе се препорачува зелен чај и најмалку осум чаши вода на ден. Со оваа диета ќе забележите значителни промени во квалитетот на тен, и тоа само по три дена.

За оваа диета е важно да се јаде и храна во сите бои, особено овошје, бидејќи растителни пигменти не само што имаат улога во чување на здравјето, туку се и главен извор на хранливи материи и антиоксиданси кои го спречуваат стареењето. Храната главно се дели на три групи:

Во црвената група спаѓаат: црвени јаболка, пиперки, вино, домати, цреши, јагоди, цвекло, малини, брусница, кајсии, манго, праска, папаја, ракчиња, јастог, лосос.

Во жолтата група спаѓаат: жолта пиперка, кромид, тиква, пченка, зелено јаболко, брокула, зелен чај, киви, марула, спанаќ, магданос, грашок, боранија, зелка.

Во сината група спаѓаат: боровница, црн чај, сливи, модар патлиџан, црна рибизла, и суво грозје.

Лифтинг диетата се заснова на протеини, антиоксиданси и есенцијални киселини, а забранува јаглехидрати како бел шеќер, слатки и бело брашно, вештачки засладувачи и адитиви, трансмаснотии од растителни масла, рафинирани јаглехидрати што брзо го  подигнуваат нивото на шеќерот во крвта, како бел леб, компир, тестенини и бел ориз, и полномасни млечни производи. .Добар избор се јогурт со ниско ниво на масти и фета  или козјо сирење.  Со оваа диета треба да внесувате “корисни” масти како маслиново масло или масло од ленено семе (кои богати со олеинска киселина и омега-3 масти кои ги штитат клетките). Се користат и многу зачини (оригано, босилек, ѓумбир), бидејќи тие содржат моќни материи кои го забаввуваат стареењето. Се препорачува конзумирање на чили-пиперки и феферони кои содржат моќни анти-воспалителни состојки, како и ореви и бадеми (содржат голема количина на витамин Е и линолова киселина која е моќен антиоксиданс), а потоа грав и леќа (кои освен што имаат антиоксиданси, подолго ќе ве заситат). Се забранува конзумирање на газирани пијалоци, и сите видови на овошни сокови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *