Лифтинг во шише

23 јуни, 20110
face-beautiful-cosmedic3

Знаете дека витамин Ц треба да се зема секојдневно и дека е неопходен за здравјето на целиот организам. Знаете и дека со него можете да спречите многу болести, да го подобрите имунитетот, да се одбраните од грипот. Она што можеби не знаете е дека овој волшебен витамин е новиот адут на козметиката против стареење и од неодамна е достапен како високо-концентриран серум, кој на кожата и ја враќа мекоста и младешкиот сјај.

За разлика од другите цицачи, човекот не може сам да произведува витамин Ц и поради тоа храната му е клучен извор на овој витамин, кој во вода е растворлив и затоа организмот не може да го „складира“ и да создаде залихи. Единствен начин да ги обезбедиме потребните количини на овој витамин е секојдневно да конзумираме производи богати со истиот, исхраната да ја збогатиме со поголеми количини на лимони, портокали, грејпфрут, потоа домати, јагоди, зелени пиперки или брокули. Доколку ова ви изгледа премногу, постои и алтернатива: редовно конзумирање на витамин Ц во таблети.

Ако сакате да ги искористите благодетите на витаминот Ц за нега на кожата, ефикасно е директното триење на високо-концентрираниот серум со длабински ефекти, кој кожата ја прави поцврста, позатегната и помазна. Тој стимулира синтеза на колагенот, протеин кој се грижи за цврстината и еластичноста на кожата и ги корегира структурните и функционалните оштетувања.

Дека ова не се само празни ветувања потврдија и последните научни студии, како и честите препораки од американските дерматолози и козметичари, кои сè повеќе ја потенцираат важноста на витаминот Ц во негата на кожата.

Интерес покажаа и најпознатите калифорниски естетски клиники, кои овој серум го препорачуваат пред и после ласерски третмани за подмладување на лицето, а исто така и многу холивудски ѕвезди го употребуваат секојдневно за нега на кожата. Толку е ефикасен, што во последно време го нарекуваат “лифтинг“ во шише! Покрај тоа, колку е организмот побогат со витамин Ц, толку поуспешно се бори и против слободните радикали, кои се создаваат под влијание на УВ зраците, па затоа експертите препорачуваат употреба на такви серуми пред сончање.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *