Лили Ален се омажи во ретро венчаница и покажа дека е бремена

12 јуни, 20110
Vest 4

Поп пејачката Лили Ален (26) објави дека таа и нејзиниот сопруг, со кого се венчаше вчера во интимна церемонија во црквата Св. Џејмс, во Кранхам, Англија, очекуваат принова.

Пресреќната пејачка, која во текот на целиот ден постојано се смееше, се омажи со Сем Купер (33), кој поседува сопствена компанија за градежништво. Гостите на свадбата изјавија дека таа пролеа и солзи радосници кога нејзиниот сопруг ја соопштил радосната вест пред роднините и пријателите.

Ален, која е во петтиот месец на бременоста, се соочи со два спонтани абортуси. Во ноември минатата година таа го изгуби бебето во шестиот месец од бременоста, по што западна во депресија. Пријателите на двојката велат дека новата бременост е благослов за пејачката која многу сака да основа сопствено семејство.

На свадбената церемонија Ален носеше романтична венчаница од 2500 фунти, дизајнирана од француската дизајнерка Делфин Манивет. На церемонијата пристигна со темно зелен Бентли, заедно со својот татко, актерот Кит Ален (58).

По црковната церемонија на која присуствуваа 100-тина гости, меѓу кои и комичарот Хери Ајнфилд и актерите Демјан Хирст и Ангус Дејтон, двојката ја продолжи забавата за 300 гости во својот дом од 17-тиот век, вреден 3 милиони фунти.

„Лили беше прекрасна и насмеана. Навистина се надевам дека ќе бидат среќни бидејќи тие го заслужуваат тоа“, велат извори блиски на двојката кои додаваат дека Купер е мажот на нејзиниот живот.

Двојката одбра да не потпише предбрачен договор, иако имотот на Ален е проценет на околу 6 милиони фунти. Пејачката веќе поодамна изјави дека романтичната љубов не треба да се уништува со „неромантични“ договори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi