Актерката Линдзи Лохан, која од неодамна е повторно слободна, оваа недела фотографирана во друштво на Спенсер Фелс. Се шепекулира дека тие двајца се во врска, а Линдзи оваа информација сеуште не ја потврдила ниту ја демантирала.
Линдзи долго време по раскинувањето со Dj-ката Саманта Ронсон изјавуваше дека и недостига поранешната девојка, а и пред неколку месеци купила куќа во близина на нејзината, иако Саманта сега е во врска со друга девојка.
Според американските таблоиди кои ги објавија фотографиите со Линдзи и Спенсер, новиот пар го споил нивниот заеднички пријател, фотографот Тајлер Шилдс.