Продуцентот на бендот Рик Рубин откри за магазинот Билборд дека Линкин Парк напорно работи на новиот албум. Наследникот на нивниот последен албум “A thousand Suns” треба да излезе кон крајов на годинава.
Еднаш неделно се собираме во студио и ги преслушуваме песните, изјавил Рубин. Бендот има завршено веќе половина од работата и тоа за многу кратко време, многу пократко отколку што им требаше за претходните два албуми, додал Рубин.