Arenberg, August Marie Raymond, Принц (1753-1883 година), војник во француската ложа. Се бореше во Индија и Америка; член на Народното собрание. После повлекувањето на Luj XVI беше Генерал на Војската на Холандија.
Barbes, Armand (1809-1870), член на милитаристичката републичка опозицијата, затворен во 1834 година поради револуционерните акции; 1839 година осуден на смрт, но Victor Hugo му помогна да биде помилуван и испратен на доживотен куќен. Во 1848 година е ослободен, но повторно уапсен во 1849; Napoleon III го помилува иако против негова волја.
Bernadotte, Jean-Baptiste (1763-1844 година), Кнез од Понтекорво, француски Маршал; јунак во револуционерниот поход. Посвоен од Karlo XVIII, Кралот на Шведска, па како Karlo XIV го зазема шведскиот престол во 1818 година. Примен во Франција во кругот на слободните ѕидари; именуван за Голем мајстор и оваа функција ја извршуваше се до неговата смрт.
Berry, Charles Ferdinand de Bourbon, Војвода (1778-1820 година), син на Грофот Artoisa, а подоцна Крал Karlo X. Работеше во Англија каде што се залагаше за обновување на Бурбон. На чело на војската на Главниот стожер која го прогони Napoleon. По завршувањето на обновата, беше именуван за Голем мајстор на Големиот Оријент. Погребан е со сите слободноѕидарски почести.
Berteaux, Henri Maurice (1852-1911), политичар. Од 1893 година, пратеник во радикалната партија; именуван повеќе пати на функцијата Министер за воени активности. Беше член на Големата ложа на Франција.
Bonaparte, Joseph (1768-1844), Крал на Неапол (1806-1808) и на Шпанија (1808-1813); брат на Napoleon I. Откако е именуван за Крал на Шпанија од страна на Napoleon I, населението се крена на народен бунт (Наполеонова војна); после поразот кај Виторија (1813) мораше да ја напушти Шпанија. Во Декември 1804 година, со дозвола од страна на брат му, е именуван за Голем мајстор на Големиот Оријент на Франција (иако, претходно не бил дел од слободните ѕидари).
Bourgeois, Léon Victor Auguste (1851-1925), државник, научник, пацифик, Премиер (1895-1896); планот на неговата влада, содржеше намалување на данокот на приход, план за пензионирање на вработените и план за одвојување на Црквата од државата. Во периодот 1899-1907 година беше претставник на Франција во Мировната конферениција во Хаг, а 1918 година го изнесе нацртот за основање на Лигата на народите. Доби Нобелова награда за мир во 1920 година. Член на ложата “Sincérité” во Ремс.
Briand, Aristide (1862-1932), најпрво со социјалистички определби (1901-1905, Генерален секретер во Француската социјалистичка партија), подоцна член на Социјалистичко-републиканска партија. Во периодот 1902-1932 година, пратеник; од 1906 година е назначен неколку пати за Министер и Премиер (последен мандат во 1926 и 1929 година). За време на извршување на функцијата Министер за образование и култура (1906-1908) се залагаше за одвојување на Црквата од државата. Како Министер за надворешни работи, инсистираше на зачувување на француските интереси со цел постигнување на мир и европска сигурност (со потпишување на Локарскиот пакет во 1925 година). Заедно со Z. Stresemann и A.N.Chamberlain, во 1926 година ја доби Нобеловата награда за мир. Во 1928 го поттикна признавањето на меѓународниот пакт (Briand-Kellogg), кој се залагаше да не започне војната. Го донесе меморандумот (1 Октомври 1930 година) за формирање на Обединетите држави во Европа. Примен во ложата “Le Trait d’Union de Saint Nazaire” (Големиот Оријент на Франција), а подоцна премина во ложата “Les Chevaliers du Travail” во Париз.
Cambacérés, Jean-Jaques, Кнез (1753-1824), Канцелар на Првото француско кралство. Од 1805 до 1814 година, беше повереник на Napoleon I и Голем мајстор во Големиот Оријент на Франција. Во 1804 година назначен за Командант на шкотскиот одред, Suprême Conseil A.
Carnot, Marie François (1837-1894), државник. Од 1887 Претседател на Републиката, а убиен во 1894 година.
Chaillon de Jonville, Augustin Jean François (1733-1807 година), член на Големото собрание на Парламентот во Париз. Доајен на Државниот совет, судија во процесот против Кардиналот Rohan (афера Каглиостро – поврзана со дијамантската огрлица). Беше Главен заменик на Големиот мајстор Грофот од Клермонт.
Clermont, Louis de Bourbon-Condé, Гроф (1709-1771), свештеник и војсководец. Командант на француската војска во седумгодишната војна во Германија и Фландрија. Како наследник на Војводата од Антин, во периодото 1743 – 1771 година, беше вториот Голем мајстор на Франција. Пред смртта, одреди свој наследник – Војводата од Шартр (идниот Filip Orleanski).
Crémieux, Isaac Adolphe (1796-1880 година), адвокат и политичар. Откако започна Француската револуција во 1848 година ја советуваше фамилијата Orléans да ја напуштат Франција; беше Министер за правда во привремената влада; ја поддржуваше кандидатурата на Luj Bonaparte, но потоа се приклучи кон опозицијата. Bonaparte долго време го држеше како затвореник, но во 1869 година повторно се врати на политичката сцена и во 1870 година стана член на “Defense Nationale” и Министер за правда, а подоцна и Сенатор. Поради прогонот на Евреите на Исток (и тој беше евреин) ја основаше “Alliance Israélite Universelle”. Како Врховен командант на чело на Врховниот совет А. и A. Шкотскиот одред беше назначен во 1869 година и остана на истата позиција се до неговата смрт.
Deraismes, Marie (1828-1894 година), феминистка, после Пруско-француската војна се залагаше за демократија и за Републиката; основаше феминистичко здружение и се ангажираше во кругот на слободни мислители. Во 1881 година беше коорганизатор на првиот антиклерикалистички конгрес. Основач на женското слободно ѕидарство. Во 1893 година ја формираше Големата ложа “Droit Humain”.
Diagne, Blaise (1872-1934 година), политичар. Делегат од Сенегал во Парламентот; во 1931 година потсекретар во Министерството на колониите. Беше прв афрички црнец кој стана член во кабинетот. Примен во ложата “L’Amitié” во 1899, а во 1922 година се префрли во париската ложа “Puthagore”. Како прв африкански црнец беше припадник на “Conseil de l’Ordre du Grand Orient der France” (1922-1925 година).
Ferry, Jules (1832-1893 година), политичар. После падот на Napoleon III, беше организатор на отпор против германската офанзива. Во 1882 година е именуван за Премиер. На 8 Јули 1875 година заедно е примен со филозофот Littréom во ложата “La Clémente Amitié”.
Fontanes, Louis, Марикз (1757-1821), поет и политичар. Прогонет за време на Револуцијата; за време на владеењето на Napoleon беше именуван за Претседател на законодавниот одбор, Голем мајстор на универзитетите и Сенатор.
Fouché, Joseph, Војвода од Отранто (1759-1820 година), Министер на полицијата. Во 1792 година стана член на Конвента и монтањар, еден од предводниците теророт во периодот 1793/94; гласаше за симнување на Кралот Luj XVI, а 1793 година беше одговорен за 1.600 смртни пресуди во Лион. Во периодот 1799-1802 и 1804-1810 година, за време на владеењето на Napoleon I, имаше неограничена власт бидејќи беше на функцијата Министер на полицијата и ја основаше тајната полиција. Поради тајните преговори со Велика Британија во 1810 година беше оставен на немилост, а веќе во 1814 година се приклучи кон бурбоните; во 1815 година Napoleon I го именуваше за Министер на полицијата, но продолжи да ги остварува тајните врски со спротивната страна; 1815 година беше на чело на преодната влада во Париз. Во 1816 година е прогонет како “убиец на кралот“. Беше дел од Големата ложа на Франција за да може да ја набљудува работата на слободните ѕидари.
Gambetta, Léon (1838-1882), противник на Второто царство. После капитулацијата кај Седан на 4 Септември 1870 година, прогласи Република, а ја извршување функцијата Министер за внатрешни работи, Министер за финансии и Министер за воени активности во владата на Националната одбрана. После падот на главниот град на 6 Февруари 1871 година Gambetta се повлече. Бидејќи беше на чело на радикалите, а потоа на страната на умерените републиканци, влегуваше во конфликтни дискусии со монархистите во Народното собрание. Имаше огромно влијание врз левичарската политика во Третата република; внатрешната политика ја усмеруваше против Германското царство. Започнувајќи од Декември 1881 до Јануари 1882 година беше именуван на позицијата Премиер. Од 1869 година член на ложата “La Réforme” во Марсел, а подоцна стана член на ложата “Clémente Amitié” во Париз.
Godin, Jean-Baptiste André (1817-1880 година), индустријалец и политичар. Беше пратеник, а за своите вработени ја основаше familistére, потрошувачко-производствено здружение; пишуваше книги за социјална правда (Социјалистички и работни правила). Член на ложата “Théléme”.
Karlo X (1757-1836 година), помлад брат на Luj XVI и Luj XVIII. Раководеше со акциите против Француската револуција. Во периодот 1814/1815 беше предводник на десничарите “ултраројалист“. Како наследник на Luj XVIII во 1825 година е крунисан; водеше клерикална и ултраројалистичка политика. Неговата одредна од 26 Јули 1870 година (ограничување на слободата на новинарите и изборните права) доведе до Српањска револуција и на 2 Август мораше да го напушти престолот. Во Септември стана слободен ѕидар, заедно со своите браќа Luj XVI и Грофот од Прованса (подоцна стана Крал Luj XVIII). За нив тројца беше основана посебна ложа: “Loge militaire des Trois Fréres Unis á l’Iruent de la Cour”. Иако оваа ложа се споменува во сите записи на Големиот Оријент на Франција во периодот 1776 – 1789 година, сепак францускиот историчар Albert Lantoine (1869 – 1949 година) се сомнева дали воопшто била вистинска регуларна церемонијата за влез во ложата.
Kellermann, Fracçois Christophe, подоцна Војводата од Вламја (1735-1820), државник. Започна како војник за на крајот да биде назначен за Маршал во француската војска. За време на владеењето на Luj XVIII, беше именуван за “pair” на Франција. Имаше водечка улога во работата на слободните ѕидари и работеше на истакнати позиции во Големиот Оријент и за Големиот совет во одредот на Шкотска.