Листа на познати масони од Италија

22 јуни, 20110
2e3631f64926e9d

Amendola, Giovanni (1882-1926 година), филозоф и политичар. Министер на италијанските колонии, либерал, следбеник на ројалистичките залагања, на чело на Авентинската опозиција, професор по филозофија на Факултет. Патриот и воен доброволец; на 20 Јули 1925 година подлегна на тешките телесни повреди кои ги и здоби после малтретирањето на фашистите.

Barzilai, Salvatore (1860-1939 година), публицист и политичар. Во 1915 година именуван за Министер на неослободените провинции во кабинетот на Salandri; Сенатор; претставник на Италија за време на мировната конференција; повеќепати назнаен за Претседател на италијанското здружение на новинари.

Bixio, Girolamo (Nino) (1821-1873 година), италијански борец за слобода. Успешен стратег во борбата против Австрија. Беше дел од “Илјадитниот поход“ на Сицилија; постигна спогодба помеѓу Garibaldi и Cavourom; пратеник и сенатор. Близок соработник на Garibaldi и целосно го поддржуваше во неговите залагања за обединување на слободното ѕидарство. Една италијанска ложа е именувана според него.

Castellazzo, Luigi (1827-1890 година), писател и борец за слобода. Заедно со Garibaldi го бранеше Рим во 1848 година и учествуваше во неговиот поход во 1866/67 година. Неколку пати беше уапсен, осуден на доживотен затвор, но ослободен во 1870 година. Голем секретар на Големиот Оријент на Италија.

Cavour, Camillo Benso, гроф (1810-1861 година), државник. Следбеник на умерениот либерализам. Имаше влијание врз составување на либералниот устав на Кралството Сардинија од 1848 година. Министер за трговија во кабинетот на D’Azeglio од 1850 година; 1852 Министер во Кралството Сардинија. Учествуваше во Кримската војна (1855-1856 година) и во преговорите кај Пломбиерес (1858 година) обезбеди помош од Napoleon III за време на војата против Австрија (1859 година). Благодарение на дипломатските преговори, Cavour постигна обединување на Италија (со исклучок на Венеција и Рим). Се залагаше за либерални црквени закони и го застапуваше ставот “Слободна Црква во слободна држава“.

Confalonieri, Federico, гроф (1788-1848), благородник од Ломбардија. Се залагаше за културна и политичка слобода на Ломбардија. Заедно со граѓаните на Милано издејствува да се изгради инфраструктура за плинско осветлување во својот роден град; основаше штедилница; во образованието воведе правила базирани врз швајцарското школство.Уапсен во 1821 година и осуден на смрт, но потоа казната му е намалена на доживотен затвор. Во Сојузот на слободните ѕидари беше примен во 1818 година од страна на Војводата од Сасекс.

Córdoba, Filippo (1812-1868 година), политичар. Министер во кабинет; член на ложата во Торино “Ausonia”; насленик на Constantin Nigra на функцијата Голем мајстор на Големиот Оријент на Италија.

Crispi, Francesco (1819-1901 година), предводник на левичарите во италијанскиот Праламент; 1876 година Претседател на Собранието; Министер; во периодот 1893-1896 година, Претседател на влада. Дел од римската ложа “Propaganda Massonica”; ја основаше торинската ложа “Ausonia” и беше нејзин почесен член. Даде поддршка на говорот на Папата во Наполи во 1896 година и со тоа предизвика голем број напади од страна на италијанските слободни ѕидари.

Depretis, Agostino (1813-1887 година), следбеник и пријател на Garibaldi. Министер во повеќе кабинети и повеќе пати Претседател на влада; во 1882 година го склучи Тројниот сојуз. Член на ложата “Supremo Consiglio”.

Frapolli, Lodovico (1815-1878 година), геолог и политичар. Учествуваше во борбата за ослободување и во походот на Garibaldi. Од 1866 година претставник на радикалистите во Парламентот; во периодот 1869/70 Голем мајстор на Големиот Оријент на Италија. За време на Француско-пруската војна се бореше на француската страна заедно со Garibaldi, поради што мораше да се откаже од функцијата Голем мајстор.

Garibaldi, Giuseppe (1807-1882 година), италијански борец за слобода. Еден од водачите на покретот за Преродба (Risorgimento); во 1833 година се приклучи кон G. Mazzini; после еден неуспешен бунт во 1834 година беше осуден на смрт и поради тоа побегна во Франција. Го предводеше одредот на доброволци против Австрија; го бранеше Рим од французите (1849 година); побегна пред прогонот во Тангер, а од 1850 година се пресели во Њујорк. Се врати во Сардинија во 1854 година; а во 1859 повторно се бореше против австријците и беше поставен на чело на доброволците. Во 1860 година го поведе “Илјадитниот поход“ (околу 30.000 лица) и влијаеше врз соборување на владата на бурбонците на Сицилија и Јужна Италиа. Примен е во 1844 година во француската ложа “Les Amis de la Patrie” во Монтевидео. Голем дел од неговите соборци беа дел до Сојузот – Mazzini, Crispi, Lafrina, Fauché, Buscalioni, Bixio, Cavour и заедно учествуваа во походот. После освојувањето на Палермо, беше избран за Голем мајстор на здружението на ѕидарите. Во 1867 година именуван е за Почесен Голем мајстор на Memphis-Mistraim.

La Farina, Giuseppe (1815-1863 година),публицист, историчар и политичар. Предводник на револуцијата на Сицилија; во 1837 година пратеник и министер. Основач на ложата “Progresso” во Торино.

Manzoni, Alessandro (1785-1873 година), сенатор. Италијански поет со благородничко потекло; од 1805 година во Париз се приклучи кон просветителските кругови; во 1810 година се пресели во Милано; 1860 година беше избран за Сенатор. Најпрво пишуваше класична поезија, а од 1812 година се движеше во романтичниот смер. Со “Светата химна“ (1815-1822) и одата за смртта на Napoleon, “Петти мај“ (1822 година), Manzoni го завземе првото место меѓу поетите во тоа време.

Mazzini, Giuseppe (1805-1872 година), борец за слобода и за единство на Италија. Водич на радикално-републиканското движење Risorgimento; во 1831 година го основаше Францускиот таен сојуз “Млада Европа“. Заедно со Garibaldi ја предводеше одбраната на Рим во 1849 година против французите; член на триумвиратот заедно со Armellino и Aureliom Saffijem; по капитулацијата емигрираше во Лондон каде што го формираше Европскиот демократски одбор. Ја отфрлаше идеата за обединување на Италија и формирање на кралство; кратко пред смртта се врати во татковината; автор е на голем број на колумни и есеи поврзани со политички теми. Член и почесен член на повеќе ложи. За време на неговиот погреб во Рим, за прв пат по улиците беа веани знамињата на слободните ѕидари.

Mazzoni, Giuseppe (1808-1880 година), политичар. Предводник на движењето Risorgimento, еден од тосканините триумвири; подоцна беше именуван за Сенатор. Влезе во кругот на слободните ѕидари во 1859 година во Марсеј; во 1872 година именуван за Голем мајстор и заедно со Garibaldi се залагаа за обединување на италијанското слободно ѕидарство.

Murat, Joachim (1767-1815 година), француски маршал (од 1804 година); Крал на Неапол (1808-1815). За време на револуцијата се здоби со чин – Генерал на коњаницата, а во 1800 година ја ожени сестрата на Napoleon Bonaparta, Caroline. Во 1806 година, Murat беше именуван за Надвојвода на Клеве и Берга. Во 1814 година склучи сојуз со Австрија, но за време од “сто дена“ во 1815 година повторно се приклучи кон Napoleon; имаше обид за повторно освојување на Кралството Наполи, кое од 1815 година припаѓаше на бурбонците, поради тоа беше уапсен и стрелан. Не е познато во која ложа се има прв пат зачленето, но во 1803 година именуван за Голем надзорник на Големиот Оријент на Франција; 1805 за Голем канцелар на Големиот Оријент на Италија, а додека беше крал ја извршуваше функцијата Голем мајстор на Големата ложа на Наполи.

Nathan, Ernesto (1845-1921 година), политичар. Именуван за градоначалник во 1907 година на Рим. Го поттикна воведувањето на “Човековите права“ на Mazzini во училишната настава. Во 1914 година беше ополномоштен Министер и италијански генерален комесар; во 1915 година се врати во Италија со цел да се пријави како доброволец на борбените фронтови. Во периодот 1896-1904 година и 1917-1919 година именуван за Голем мајстор на Големиот Оријент на Италија. Го претставуваше Големиот Оријент во 1917 година за време на Парискиот конгрес на слободни ѕидари од неутралните држави и државите од Антантата.

Nigra, Costantino, гроф (1828 – 1907 година), дипломат. Соработник на Cavouro; учествуваше на Парискиот конгрес во 1856 година; пратеник во Лондон, Санкт Петерсбург и Беч. Примен во 1860 година во торинската ложа “Ausonia”; во 1861 година именуван за Голем мајстор.

San Guliano, Antonio, маркиз (1852-1914 година), дипломат и политичар. Пратеник, Сенатор во Лондон и Париз; во 1910 година Министер за надворешни работи. Од 1893 година член на римската ложа “Universo”.

Torrigiani, Domizio (1879-1932 година), адвокат, политичар, Сенатор. Последниот Голем мајстор пред фашистичата забрана. Избран во 1918 година како наследник на Ernest Nathan; веќе во 1921 година зазеде противфашистишки став. Во 1925 година повторно избран за Голем мајстор; уапсен во 1927 година поради “агитирање против државата“ и пет години беше прогонет на Липар.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi