Љубљана: Татко си го фрлил детето од 9 кат, па скокнал по него и загинал

28 март, 20110
2

Мирното неделно попладне во Љубљана било прекинато од драмата која се случила на една од љубљанските улици. На деветтиот кат од една зграда се појавиле татко и дете, кој почнал да се заканува дека ќе го фрли детето а потоа и тој ќе се фрли.
Во меѓувреме пристигнале пожарникарите кои поставиле безбедносно платно за да го ублажат падот на таткото и детето. Во еден момент, растроениот татко го фрлил детето а потоа скокнал и тој по него.
Таткото починал на лице место, додека детето со сериозни повреди, итно било пренесено во болница.
Љубљанската полиција не сакала да изнесува детали за овој случај, наведувајќи дека истрагата се уште била во тек.

 

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi