Луд свет! Италијан голтнал 103 капсули со кокаин!

26 октомври, 20110
107752

Лима- еден 44 годишен италијански државјанин, умрел во Перу, како последица на проголтаните 103 капсули полни со кокаин, пренела перуанската државна агенција.

Италијанот бил сместен во болница откако се пожалил на силни болки во стомакот, а три дена подоцна умрел како последница на срцев удар.

Со аутопсија е потврдено дека тој во телото имал 407 грама кокаин, поделени во 103 капсули соодветно запакувани. Полицијата смета дека тој веројатно бил „носител“ на дрогата во служба на нарко дилерите, кои често ги користат странските државјани за да може на различни начини да ја изнесат дрогата во други земји.

Помеѓу, јануари и јули месец, 110 странски државјани биле фатени на аеродромот во Лима во обид  да пренесат дрога. Меѓу нив биле 27 шпанци, 12 мексиканци, како и холанѓани, португалци, италијани, пољаци, израелци и други, навеле перуанските власти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi