Џастин Тимберлејк и Аманда Сајфрид со пари купуваат време!

26 октомври, 20110
Amanda-Seyfried-Justin -Timberlake-on-set-image-im-mortal

Од октомври низ кино салите на Балканот, ќе може да се види акциониот трилер “Времето е пари“ во кој глумат младите и атрактивни Џастин Тимберлејк и Аманда Сајфрид.

Милијарди долари и безбројните часови годишно се трошат на здравјето и убавината и неуморно се бара начин како да се спречи процесот на стареење. Науката секојдневно располага со се поголем број на ресури за борба против овој сложен процес, но во меѓувреме, еден човек можеби открил како, или барем има формула на лист хартија, како да ги одржи луѓето млади – режисер Ендрју Никол.

Филмот “Времето е пари“се одвива во иднината, кога времето буквално претставува пари. Вил Салас (Џастин Тимберлејк) живее во најсиромашниот регион или временска зона, наречен Дејтон. Тој мора напорно да работи секој ден за да може да си дозволи уште еден ден од неговиот живот.

Иста е приказната и на неговата мајка Рејчел (Оливија Вајд), како и на другите жители на Дејтон, регион кој е исто така познат по криминалот. Бандите се обидува да го украдат “времето“ од часовниците на своите жртви. Единствениот начин да се преживее е да заработите пари, да крадете или да наследите дополнително време. Вил живее од минута до минута, се додека не ја запознае богата и преубава млада наследничка и се здружат заедно, со единствена цел – да го уништат корумпираниот систем.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi