Уметност од растење дрвца во дворот, и притоа претварајќи ги во мебел! Доста уникатно, мора да се признае…
26 октомври, 20110
![tree_art_17](https://popara.mk/wp-content/uploads/2011/10/tree_art_171-610x269.jpg)
Петер Кук и неговата партнерка Беки Норти создаваат мебел и скулптури од дрва. Нивната уникатност е во нивниот метод на работа т.е тие ги обликуваат дрвцата однапред во некои објекти додека тие сеуште растат. Името на оваа техника го дадоа тие и гласи Pooktre. Според нивната веб страна, некои дизајни се наменети за жетва за да се добие висококвалитетен затворен мебел, а другите ќе останат како жива уметност.