Луда жена касапела деца во градинка:(

29 август, 20110
0

Побудалена жена (30) која била вработена во градинка во Шангај, во понеделникот околу пладне со скалпел нападнала деца кои биле згрижени во градинката. Осум деца биле повредени. Децата биле на возраст од три и четири години, и сите се пренесени во болница. Неколку од нив завршиле на хирургија, а најлошо поминало едно дете чиј живот се уште е загрозен, пишува Shangahaiist. Лудата жена децата ги сечела по вратот и главата.
За кратко време по инцидентот жената била приведена од страна на полицијата. Кинеските медиуми известуваат дека жената била ментално болна. Минатата година во Кина имало повеќе напади во градинки за децата. Во март минатата година, луд човек влегол во градинка и усмртил осум деца, подоцна напаѓачот бил убиен. Но, тука инцидентите не престануваат. Два месеци подоцна седум млади дечиња и две возрасни лица биле убиени во градинка. Убиецот по нападот се самоубил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma