Мехмет Јилдирим во четвртокот сред бел ден во Берлин, принудно сопрел автомобил марка Мицубиши, знаејќи дека во него се наоѓа неговата поранешна девојка Фериде (24). Мехмет потоа извадил пиштол и ладнокрвно почнал да пука во ветробранското стакло на автомобилот. Потоа смирено го обиколил возилото и повторно почнал да пука.
Свршеникот на неговата поранешна девојка, кој го возел автомобилот бил погоден дирекно во главата исто како и мајката и сестрата на Фериде. Мајката и ќерката починале на самото место, додека возачот Феритни В. давал знаци на живот, пишува Билд.
Крвопролевањето го преживеала Фериде, која седела помеѓу својата мајка и сестра.
Фериде и убиецот Мехмет биле во љубовна врска која траела четири месеци, но девојката одлучила да го напушти.
One comment
Ivan
5 август, 2011 at 10:22
Kolku vozaci go vozele avtomobilot????