Ајфелова кула

5 август, 20110
1335

Триумф на индустриската култура

“Париска дама“, како што вообичаено ја нарекуваат во Франција, кулата која ја изградил инженерот Eiffel  во 1889 година. Во текот на сите овие години, Ајфеловата кула нема изгубено ниту еден дел од нејзиниот сјај и убавина. Всушност, сега како никогаш досега, посетителите се уште побројни – околу два милиони годишно – се возат со лифтовите до широките платформи од челик. Луѓето не би можеле да го замислат Париз без Афјеловата кула.

Првиот предлог за изградба на кула со висина од илјада стапаки (308,80 метри) бил даден од страна на Англичанецот Trevithick. Но, оваа замисла не била реализирана, како ни идеата да се изгради кула висока илјада стапалки по повод Светката изложба во 1874 година во Филаделфија. Во 1874 година во проектантската канцеларија на Eiffel бил направен првиот преднацрт за 300 метри висока кула. Во тој период, постоеле голем број на други проекти. Жителите се воодушевиле пред замислата за една “сончева кула“ висока 300 метри, со светилник на врвот, кој ноќта во Париз би ја претворила во ден.

Но, за изложбата одговорен бил министерот за трговија кој одлучил за судбината на Ајфеловата кула. Било одлучено кулата да се изгради на површина од 125 метри дијаметар. Поради тоа, биле внимателно анализирани вкупно 107 локации. Комисијата од изложбата имала замисла да ја изгради кулата како мост преку реката Сена, но тој предлог бил одбиен поради неповолната површина на крајбрежјето на реката. Конечно, се одлучиле за Марсовите полиња.

Не претставувало воопшто случајност што баш педесет и четири годишниот инженер Eiffel добил дозвола да ја изгради кулата како симбол и белег на изложбата. Уште многу години пред да ја изгради кулата, Eiffel се сметал за стручњак за градење на железни конструкции. Голем број на железни конструкции низ целиот свет биле проектирани во канцеларијата на Eiffel. Иако, години подоцна, најмногу го препознавале по Ајфеловата кула. “Оваа кула на крајот и ќе ме уништи“, изјавувал, “како ништо друго да не сум создал“.

Alexandre Gustave Eiffel

Alexandre Gustave Eiffel е роден во 1832 година. Неговите француски биографи пронашле информации дека градителот на Ајфеловата кула, по татко потекнува од Германија. Татко му, Hans Heinrich Bönickhausen, за време на владеењето на Louis XVI, го напуштил неговиот роден крај Мармаген во Ајфел (Eiffel) и се доселил во Франција. Поради носталгија кон неговото родно место, кон презимето го додал и Eiffel. Во 1880 година, Gustave го избришал своето првобитно презиме и го оставил само Eiffel. Во 1886 година, започнале нацртите за изградба на кулата. За четири солбови им било потребно да се изградат темели од 26 м2, кои на страната од Марсовите полиња кон Сена се 14 метри и 9 метри закопани во длабочината на земјата. На ден, 30 јуни 1887 година, точно две години пред отварањето на Светската изложба, активностите околу поставување на темелите биле завршени.

Јавноста, различно реагирала на изградбата на кулата. Официјално била наречена “триумфот на индустриската култура“ и “мајсторско дело“, други ја нарекувале “симбил за повторно будење на Франција“ (после поразот од 1871 година), а имало и голем број на книжевници, сликари, вајари и архитекти, кои уште пред удирање на првите темели, се собрале и заедно протестирале против изградбата на кулата. “Во име на добриот вкус и љубовта кон Париз“, протестирале и се противеле на изградбата на монструозната Ајфелова кула. Guy de Maupassant, еден од противниците, ја испејувал изградбата на кула. Eiffel заедно со изложбената комисија имале голем број на препреки при изградбата.Сепак, протестите не успеале. Позади капиталот од 5 милиони и 100 илјади франка стоела Франција. Работите продолжиле според нацртите и кога се поставени огормните потпорни столбови, година дена подоцна била започната изградбата на железната кула и била изградна првата платформа. Од тој кат (58 метри) се продолжила изградбата до вториот кат (116 метри) и третата платформа (273 метри висока).

На работните цртежи имало 15 илјади делови, а имало вкупо 40 архитекти. Од една фабрика биле доставувани готови делови, изработени сосема прецизно – а, на локацијата само биле прицврстувани на кулата; 9.700 тони е тешка целата конструкција – една огромна железна маса, а всушност претставува филигранска градба. За да биде завршена кулата во одредениот период, било потребно да се работи повеќе од десет часа на ден, па дури и за време на зимските услови во 1888 и 1889 година. На 31 март, Gustav Eiffel го постави на самиот врв на кулата знамето на Франција, така што пред почетокот на изложбата на 6 мај 1889 година се било подготвено. Милионскиот трошок за изградбата на кулата не претставувало само атракција – туку веќе во првата година од официјалното отварање, било заработено дупло од вложениот капитал. Ајфеловата кула претставува дел од Париз. Сепак, сеуште има протести бидејќи, според некои, ја уништува сликата на градот. Позната е анегдотата за човекот кој не можел да ја гледа Ајфеловата кула, па секој ден се качувал на неа, бидејќи кулата претставува единственото место во Париз, од каде што не може да се види. Книжевниците и умтениците отсекогаш се занимавале со “Париската дама“. Сепак, Ајфеловата кула припаѓа во градската слика на Париз па дури и претставува една од најимпозантните градби како во Франција, така и во целиот свет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi