Луис Хамилтон – првиот Афроамериканец во Формула 1

popara1 август, 20111min01
louis

Луис Хамилтон  e роден на 7 јануари 1985 година тој е Британски возач на Формула 1, во моментов се натпреварува за тимот  на Мекларен Мерцедес. Луис во 2008 година го има освоено Ф1 шампионатот.

Луис Хамилтон е роден во Стивенејџ, Хертфордшир, Велика Британија. Во декември 1995 година, на возраст од десет години, на Autosport Awards церемонијата му се приближил на директорот на Мекларен, Рон Денис и му рекол: “Сакам еден ден да се тркам за вас … јас сакам да се тркам за тимот на Мекларен. “Помалку од три години подоцна Мекларен и Мерцедес-Бенц потпишуваат договор со Луси Хамилтон и влегува во нивната програма  за поддршка на млади талентирани возачи.

Во 2007 година, по неговите успеси и победи во Британската Формула Рено, Формула 3 и ГП2 шампионатот Луис Хамилтон влегол во тимот на Мекларен во Формула 1 натпреварите. Неговото прво деби во Формула 1го имал на 12 годиншна возраст. Тој влегува во историјата на Ф1 како прв возач од Афроамериканско потекло.

Во својата прва сезона во Формула 1, Хамилтон направил бројни успеси. Во 2007 година го освоил второто место во шампионатот заостанувајќи само еден бод од лидерот Кими Раиконен. Но следната сезона Луис застанал на тронот како победник пред  Фелипе Маса, во последната трка на шампионатот каде успеал да го освои петото место кое било доволно за победа. Тој изјавил дека сака да остане во тимот на Мекларен се до крајот на неговата Ф1 кариера.

По титулата во 2008 година, Луис Хамилтон во 2009 година немал толку голем успех, успеал да освои само неколку гран-при победи и на крајот завршил на 5-то место, Додека во 2010 година, се искачил само на 4 место во генералниот пласман.

One comment

  • tony montana

    1 август, 2011 at 14:52

    Каква глупост.
    Луис Хамилтон – првиот Афроамериканец во Формула 1
    Каков Афроамериканец. Човекот Британец и црнец. Не е страшно да се напише црнец. Која Африка, која Америка.
    Глупата американска „политичка коректност“ кога се обраќаат за црнците е фактички неточна. И црните што им доаѓаат од Австралија ли ги викаат African-American. И Thierry Henry ли е African-American.
    Ама ај да ги оставиме американците. Каква логика има тука терминот Афроамериканец? Без врска.

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag