Поп дивата Мадона ќе лансира нова модна линија следната година, и ќе биде намената за жени на возраст од 27 до 50 години, соопштила пејачката и нејзиниот бизнис партнер Ајконикс Бренд.
“Truth or Dare by Madonna” (Вистина или предизвик од Мадона) ќе опфаќа чевли, торби, веш, парфеми и друго- се наведува во соопштението. “Изминатите неколку години во повеќе наврати ми беше понудено да креирам свој бренд”, навела 53 годишната Мадона во соопштението и додала дека сега е вистинскиот момент за неа да се позанимава со тоа.
Колекцијата ќе ја покажува дихтомијата на Мадонија која е” и моќна икона и женска убавина”. Мадона има соработувано со Ајконикс во изминатите години за детската линија “Material Girl” која е инспирирана од нејзината ќерка Лурдес.