Мајка и ја прати Лејди Гага на концертите поради разузданиот живот

4 април, 20110
ladygaga
Мајката на славната пејачка Лејди Гага почнала да ја прати својата ќерка на концертите за време на турнејата поради разузданиот живот.Синтија Германота е одлучна во својата намера да стави крај на лошиот живот на ќерка си Гага поради што не планира да ја пушта сама на концертите. Лејди Гага и самата признала дека за време на турнејата не се хранела нормално, односно пиела само течности, а еднаш и морала да откаже концерт бидејќи колабирала поради исцрпеност.
Мајката Синтија се обврзала дека ќе и биде задача да внимава на здравјето на својата 25-годишна ќерќа, па затоа не го напушта нејзиниот автобус за време на турнејата.

“Мајка и мисли дека Гага премногу пие и не јаде доволно. На, тоа особено ќе внимава“, рекол еден извор за медиумите.
Синтија била и на последниот концерт на својата ќерќа во Сан Диего, а на тоа била принудена поради изјавата на Гага дека е на “пијана диета“. Навчер пејачката конзумирала многу виски, а мамурлакот изутрина го решавала со вежбање. Времето ќе покаже дали влијанието на мајката Синтија ќе ја смири Гага, бидејќи било познато дека контроверзната пејачка била многу конзервативна кога семејството било во прашање.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi