Мајка убила бебе во микробранова печка

popara24 јуни, 20111min00
mikro
Шестмесечно бебе починало под сомнителни околности во Сакраменто, а полицијата ја сомничи 29- годишната мајка за убиство.
Истрагата на полицијата покажала како шестмесечната ќерка на осомничената Ка Јанг починала како последица на изгореници здобиени од микробранова печка.
“Детето се здобило со необични повреди по телото од навистина редок тип, кои се конзистентни кај само уште три случаи слични во САД и кои биле токму изгореници од микробранова печка“, рекла Лаура Пек од полицијата во Сакраменто.
Полицијата се’уште не го знае мотивот за убиство, а Јанг не побарала адвокат по службена должност. Во моментот се наоѓа во затвор, без можност да се брани од слобода со кауција.
Нејзината ќерка била пронајдена мртва на 17 март во семејната куќа. Мајката била неодамна уапсена бидејќи истрагата околу причината за смрт траела подолго за да може со сигурност да се утврди смртта на бебето.
Извор: Нетпрес
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag