Мајката на сите поларни мечки е темна мечка од Ирска

popara10 јули, 20111min00
mechka

Ретка арктичка популација на поларни мечки потекнува од една мајка – темна мечка која живеела пред  20.000- 50.000 години во Ирска, покажале најновите истражувања на меѓународниот тим на експерти.Со ДНА анализа на мечки од Русија, Канада, Гренланд, Норвешка и Алјаска се утврдило дека секоја од овие мечки води потекло од ирската прамечка.Од резултатите на анализите од  генетскиот материјал, наследството потекнува од женска мечка, а темните и поларните мечки се вкрстувале помеѓу себе повеќе од  100.000 години.Неколку “пизлија” – мешавина од поларна мечка и гризли мечка се забележани во последниве неколку години како најнормално се однесуваат на планинските температури и на растопениот снег. Глобалните затоплувања најмногу го погодија  Арктикот со што се менува полека целосниот изглед на околината, а и навиките на копнените и морските цицачи.Според  ДНА анализите и фосилните остатоци одамна е познато дека поларните мечки (Ursus maritimus) не припаѓаат на семејството на темни мечки уште од пред  150.000 години.Двата видови на мечки еволуирале во различни средини, а ни едниот ни другиот вид неможат да опстанат во надвор од својата средина поради разликите во обликот на телото  за време на еволуцијата, метаболизмот како и навиките на лов.Поларните мечки се добри пливачи, додека темните мечки се вешти во качување.Моментално во дивината има околу 20.000 – 50.000 поларни мечки, соопштила Меѓународната организација за зачувување на животната средина.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag