Мајкл Даглас: Кетрин сега одлично се чувствува
14 јуни, 20110

Мајкл Даглас изјави дека неговата сопруга се чувствува одлично. Таа помина пет дена во психијатриската болница заради биполарното пореметување. Штом излегла од болницата веднаш се вратила на работа. Моментално е во Мајами каде го снима мјузиклот “Rock of Ages”.
Кога ќе се врати од снимање, заедно заминуваме на одмор во Шпанија, изјавил Мајкл. Сега таа се чувствува навистина добро, терапијата навистина и помогна, стои во изјавата.
Нејзината болест се појавила како резултат на стрес кој траел подолг период. Таа неколку години се измачувала со болеста на нејзиниот сопруг, и постојано била покрај него. Притисокот кој го имала, а и тоа што морала да крие од него сепак се одразило на нејзиното здравје.