Мајкл Даглас прв пат во јавноста по операцијата

13 јануари, 20110
Michael Douglas On His School Run

Американскиот актер Мајкл Даглас вчера вечер прв пат се појавил во јавноста по операцијата со која му бил отстранет туморот од грлото. Даглас со својата сопруга Кетрин Зета Џонс се појавил на доделувањето на наградите “Ајкон” во Лос Анџелес, каде го добил признанието за животно дело, пренесува агенцијата Ројтерс.
Даглас на доделувањето изјавил дека по операцијата повеќе го почитува семејството и дека на животот гледа од друг агол. “По едно вакво искуство, веќе не ги фрлате деновите како што тоа сте го правеле претходно”, кажал холивудскиот актер кога ја примил наградата. Во август минатата година кај актерот беше дијагностициран рак на грлото, при што за време на лекарскиот третман изгуби речиси 15 килограми.
Откако почетокот на месецот Даглас беше опериран, за едно телевизиско интервју изјави “Се чувствувам добро и излечено”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi