Мајкл Џексон бил вљубен во принцезата Дијана!

14 ноември, 20110
Diana With Michael Jackson

Лекарот на починатата поп икона, Конрад Мареј е осуден за убиство на Мајкл Џексон, и очекува судот да му одреди казна, а веќе во јавноста почнале да се појавуваат шокантни детали од животот на Мајкл Џексон.

Прво нешто што открил Мареј било дека пејачот имал сериозни психички проблеми, и дека мокрел во креветот и бил многу неуреден.

Сепак, можеби најшокантниот детал од животот на една од најголемите ѕвезди во светот ќе се најде во книгата “My Friend Michael: An Ordinary Friendship with an Extraordinary Man” напишана од страна на неговиот пријател и соработник Франк Касиа.

“Принцезата Дијана била на врвот на листата на жени  кои тој ги посакувал за љубовници. Мајкл верувал во бајки … тој едноставно бил таков “, се наведува во книгата.

Во книгата која ќе биде објавена на 15 ноември, Френк открива дека Мајкл првите недозволени лекови почнал да ги користи уште во 1984 година, кога за време на снимање на рекламата за “Пепси” му се запалила косата.

Оттогаш лекот Демерол го користел речиси секој ден, дури и пред големите концерти.

Според официјалните податоци, Мајкл  умрел од преголема доза на лекот Пропофол, а во неговото тело биле пронајдени и други медикаменти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş