Зошто сексот е добар за здравјето?

15 ноември, 20110
Seks

Иако примарната функција на сексот е ослободување на хормоните и сексуално задоволство, постојат многу повеќе причини зошто сексот е добар за луѓето. Последните истражувања покажуваат дека сексот е исклучително корисен за нашето здравје, а недостатокот на активен сексуален живот може да има негативни ефекти. Од друга страна премногу секс исто така може да биде штетен – секс повеќе од три пати неделно го ослабнува имуниот систем и не прави подложни на инфекции. Кои се здравствените придобивки од редовниот секс.

1. Нашите ментални и емоционални здравје функции се во балансирана состојба кога имаме редовен секс. Апстиненцијата предизвикува анксиозност, а некогаш и параноја и депресија . Всушност, во случај на депресија, откако ќе имаме секс мозокот ослободува ендорфин, кои ја намалуваат стресот, и поттикнува состојба на еуфорија.

2. Сексот може да биде третман за убавина. Додека имате секс, во телото на жената двојно се зголемува нивото на естроген, што и дава сјај и мекост на кожата и косата.

3. Истражувањата покажаа дека редовниот секс го зголемува “животен век“ на луѓето. Оние кои почесто имаат оргазми имаат двојно помала стапка на смртност од оние за кои оргазмите се реткост. Ова се должи на фактот деа сексот значително го намалува стресот, кој е причинител на многу болести.

4. Додека имате секс се потите, што значи дека ги чистите порите на кожата, со што кожата станува посветла и се намалува ризикот од развивање на дерматитис.

5. Сексот помага во намалување на телесната тежина. Со 20 минутен секс 3 пати неделно ќе согорите 7 500 калории годишно, исто колку што би потрошиле со трчање на 120 km.

6. Сексот ни помага да ги зајакнеме нашите мускули. И тоа на многу позабавен начин од трчањето и вежбањето.

7. Сексот ни помага да ги заостриме нашите сетила, особено сетилото за мирис. По оргазмот, во мозокот се золемува нивото на хормонот пролактин кои создава неврони кои значително го зголемуваат сетилото за мирис.

8. Сексот е десет пати поефикасен од типичните лекови против болки. Непосредно пред оргазам, нивото на хормоните окситоцин и еднорфин се зголемуваат за пет пати, хемикалии кои ја смируваат болката.

9. Сексот не е корисен само за срцето, туку и за циркулацијата на крвта, особено во мозокот.

10. Сексуалната активност го намалува ризикот од добивање на настинка и грип. Со секс два пати неделно го зголемувате нивото на антитела за 30%.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *