Мајкл Џексон го убија…само кога ќе престанат да го лажат светот?

popara5 август, 20111min00
Michael+Jackson+Hospitalized+LOSKfiItPUUl

Тужбата за смрта на кралот на поп музиката, го обвинува докторот за создавање зависност кај Мајкл Џексон. Доктор Арнолд Клајн му овозможил сериозни лекарства на Мајкл Џексон, кои силно влијаеле на пејачот, тој дури неможел ни да стои исправено, според новата тужба.

Во тужбата поднесена од страна на поранешен помошшник и близок соработник и пријател на докторот, Јason Рfeiffer, се тврди „Во текот на 2009 година, Мајк беше чест пациент на Клајн“, тужбата продолжува со „неколку пати докторот му кажувал на Џејсон да му помогне на Мајкл да го однесе до долу до автомобилот, бидејќи тој бил премногу под дејство на лекарства и бил дезориентиран“.

Џејсон бил загрижен за безбедноста и здравјето на Мајкл, бидејќи тој заедно со медицинските сестри кои работеле кај докторот мислеле дека Клејн го предозирувал Мајкл со лекарства, но докторот му се обратил на Џејсон со следните зборови “подобро држи си ја устата затворена“.

Аrnold Кlein & Мichael Јackson

Џејсон изјавил и дека одбил да му се препишат на Мајкл лекови за опуштање на мускулите на негово име.

Третманот кој Клајн му го давал на Мајкл Џексон, бил доведен во прашање уште во минатото, откако се објави сторија дека Клејн му инјектирал на Џексон 51 Демерол инекции три месеци пред да почине пејачот. Клејн отсекогаш тврдел дека го лечел Мајкл според највисоките медицински стандарди.

Јason Рfeiffer

Џејсон кој во минатото изјавил дека е љубовник на Мајкл Џексон, вели дека страда од емоционални проблеми како резултат на третманот на доктор Клејн, па затоа го тужи и бара оштета.

Адвокатот на Клејн изјавил „Д-р. Клејн е еден од најценетите и најпознатите дерматолози во земјата. Оваа тужба е целосно неоснована, и искрено е ѓубре.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma