На Марс сепак има вода? Или не? Или не знам?:)

5 август, 20110
WindMarsStorms127k

Научниците успеале на Марс да пронајдат траги во вид на бразди низ кои наводно тече морска вода. Темните линии кои можеле да се видат на фотографиите објавени од страна на НАСА, исчезувале во текот на зимата, и повторно се појавувале во текот пролетта. Фотографиите кои ги прикажуваат падините околу екваторот на Марс снимени со веленското летало Mars Reconnaissance Orbiter, би можеле да бидат првиот вистински доказ дека водата се уште тече на Црвената планета. На тој дел од планетата би можело да тече солена вода, бидејќи и површината на тој дел од планетата е солена, а солената вода се замрзнува на пониска температура.
Доколку се потврди ова откритие, тоа би можело да биде “плодна почва” во потрагата по живот на Марс.

– Најдоброто објаснување кое го имаме е дека водата е виновна за овие темни линии, но се уште фактите тоа не го потврдуваат, изјавил Алфред Мекивн од Универзитетот во Аризона, пишува Дејли мејл. Можно е водата да не тече по површината на планетата, но на некој начин да влијае на самата површина. Линиите кои беа пронајдени се широки пет метри, но некои од нив се долги и до неколку стотици метри.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *