Мајсторка ќе го даде името на патникот во финалето

9 мај, 20110
vipe8y

Кошаркарите на МЗТ Скопје – Аеродром славеа славеа над лутиот градски ривал Работнички со 83-89, во четвртиот полуфинален дуел од кошаркарскиот плеј – оф, во меч одигран во салата во Градскиот Парк во Скопје.

Кошаркарите на МЗТ Скопје на вечерашниот дуел со Работнички успеаа да израмнат на 2-2 во победи, да избегнат елиминација во оваа полуфинална серија и истовремено да се изборат за петти дуел – мајсторка, по која ќе биде познат патникот во финалето од елитниот домашен кошаркарски шампионат. Свесни дека овој меч претставува дуел „да се биде или не“ за нив, „металците“, во преполната сала во Градскиот парк,  со послаба концетрација го почнаа дуелот, па така првиот период им припадна на кошаркарите на Работнички со резултат 22-19. Сепак, во вториот период МЗТ ги консолидираше своите редови и на полувреме гостинот од скопската населба Аеродром отиде со предност од шест поени. По третата четвртина, Работнички ја намали предноста на МЗТ на 60-64, за во последниот период МЗТ повторно да биде поприсебен и на крајот да слави триумф од 83-89.

Кирил Николовски беше најефикасен во редовите на МЗТ Скопје со 25 поени, а добра партија прикажа прикажа Зивчевиќ кој мечот го заврши со 15 постигнати поени и Американецот Дарнел, кој беше стрелец на 13 поени.

На спротивната страна, ниту 36 поени на ветеранот Перо Блажевски не беа доволни Работнички да се спаси од пораз и да се избори за финална борба за шампионската титула. Во таборот на Работнички покрај Блажевски двоцифрен број поени постигна Вер Гери – 13 поени и Ефтим Богоев – 11 поени.

На крајот, и овој дуел не мина без неспортски моменти. Имено, непосредно по последниот звук на сирената, самите актери на теренот се обидоа физички да се пресметаат, резервистот кај Работнички Саздов и Американецот во редовите на МЗТ Линдсеј си разменија по некој удар, притрчаа останатите кошаркари од двата тима, во теренот влета и по некој навивач, за толпата да ја растераат органите задолжени за редот и мирот. И повторно, по кој пат веќе, слики во кои доминираат полициски униформи, специјални сили, редарски и служби за обезбедување.

Од спортскиот дел, заклучокот е следен: Работнички не успеа да искористи две меч топки и да се пласира во финалето од кошаркарскиот шампионат на Македонија, МЗТ Скопје успеа да се врати во игра по негативата од 2-0 во победи за Работнички, па сега психолошката предност е на страната на тимот од Аеродром. Неспорно е дека пред мајстојката в среда во салата “Јане Сандански”, фаворит на хартија за пласман во финалето е тимот на МЗТ Скопје, но како и многу пати досега, јасно е дека прашањето на победникот ќе биде отворенo до последните моменти од петтиот меч во оваа полуфинална серија.

Потсетуваме, пласман во финалето веќе има обезбедено актуелниот шампион Фени Индустри. Кавадарчани со 3-0 во победи во полуфиналето го елиминираа тимот на Торус.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *