Судот денес одлучува за договорот помеѓу Цеца и обвинителството

9 мај, 20110
ceca-raznatovic
Судот во Белград на денешното рочиште ќе го разгледува договорот околу признавање на вината помеѓу фолк пејачката Светлана Ражњатовиќ, нејзината сестра Лидија Величковиќ Оцокољиќ и Вишото обвинителство во Белград, после кое би требало да се одлучи дали се прифаќа или не.
Цеца на почетокот на месец април се договорила со обвинителството да признае дека противправно присвоила пари од трансфер на десет фудбалери на фудбалскиот клуб “Обилиќ“ во странски клубови и без дозвола чувала 11 пиштоли, во замена за една година домашен притвор и милион и пол евра парична казна.
Сестрата на српската фолк пејачка, Оцокољиќ се договорила со обвинителството да признае дека и помагала на Цеца во малверзација со трансферот на фудбалери, во замена за шест месеци домашен притвор.
Доколку судскиот совет го освои договорот, на Ражњатовиќ и на нејзината сестра нема да им биде судено, туку ќе им биде изречена пресуда со казни во склад со договорот со Обвинителството.
По склучување на договорот, портпаролот на обвинителството Томо Зориќ објаснил дека со наплатата на казната од еден и пол милион евра , државата ќе заработи три пати повеќе од износот за кој била оштетена.
Доколку Ражњатовиќ и нејзината сестра бидат осудени на домашен притвор, ќе мора во текот на издржување на казната да носат електронски алки, преку кои Управата за извршување на кривични санкции ќе го следат нивното движење.
Договорот околу признавање на вината не ги опфаќа Биниќ и Димитријевиќ, соработници на Цеца, така да против нив процесот продолжува. Тие приложиле приговори на обвинението, за кое треба судот во Белград да донесе одлука.
По покренување на обвинение, од обвинителството наложиле спроведување на финансиска истрага против Ражњатовиќ и нејзините соработници, за да се утврди нивниот имот стекнат од легални приходи, но по склучување на договорот и таа истрага е запрена.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi