Потребни состојки:
500 гр. ситни макарони
300 гр. печурки
2 лажици брашно
1 лажица сенф
200 гр. овчи кашкавал
300 гр. сланина
300 мл. млеко
Масло за јадење
Сол и црн пипер
Припрема:
Ставете ги макароните да се сварат во солена вода, а откако ќе се сварат, иседете ги и оставете ги настрана.
Во масло на оган испржете ја ситно исецканата сланина се додека не стане крцкава. Додадете ги печурките и оставете ги а се испршат. Додадете го брашното и постојано мешајте, па додадете го млекото и сенфот ме гответе уште 3 минути па тргнете ја тавата од оган. Посолете и наросете црн пипер.
Во садот со макарони додадете го сосот со сланина и промешајте. Во стаклен огноотпорен сад ставете ги макароните, а одозгора изрендајте го кашкавалот
Печете на температура од 200 степени целзиусови околу половина час, односно се додека не се запече кашкавалот. Добар апетит!