Македонија ги доби амбасадата во Канбера и конзулатот во Атина од распределбата на СФРЈ

4 јули, 20110
sfrj-flag

Државите наследнички на поранешна СФРЈ постигнаа договор за првата распределба на имотот на некогашната заедничка држава. Македонија според договореното, во првата фаза од распределбата на имотот ќе ја добие амбасадата во Канбера и конзулатот во Атина.

Генералниот секретар на српското Министерство за надворешни работи Владимир Чургуз за агенцијата Танјуг посочува дека согласно договорот, Србија ќе и ја предаде на Хрватска зградата на Амбасадата во Виена и два стана во Трст.

Словенија ќе ја добие резиденцијата во Рим, конзулатите во Клагенфурт и Милано, на Босна и Херцеговина ќе и припадне резиденцијата во Будимпешта и куќа во Вашингтон.

Србија, пак, ќе ја добие и Амбасадата во Прага, како и резиденциите во Вашингтон и Отава.

Распределбата на имотот се врши според договорените квоти на поранешните членки на југословенската федерација. Следната распределба е најавена за септември годинава.

До средината на идната година, пак, се очекува да заврши распределбата на имотот во земјите од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), по што ќе почнат преговорите за објектите во Африка, Азија и останатите делови од светот.

Извор: Нетпресс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi