Македонската мегалитска опсерваторија Кокино

15 јуни, 20110
kokino1

Во 2001 година во Република Македонија, под планинскиот врв Татиќев Камен во општината Старо Нагоричане, беше откриен археолошки локалитет од бронзеното доба во развојот на човековата цивилизација.
Пронајдените артефакти во археолошките кампањи, како и спроведената археоастрономска анализа во годините кои следеа, покажаа дека локалитетот ги има сите карактеристики на митска света планина, но и на древна опсерваторија. Денес овој локалитет е познат под името Мегалитска опсерваторија Кокино или едноставно Кокино.

Македонската мегалитска опсерваторија Кокино се наоѓа на 1.030 метри надморска височина на локалитетот Татиќев камен во близина на Куманово. Анализите на археолозите и астрономите покажаа дека опсерваторијата е стара повеќе од 3.800 години. Според НАСА, која претходно оваа година објави листа на опсерватории рангирани според староста, таа е четвртата најстара опсерваторија во светот, по Абу Симбел во Египет, Стоунхенџ во Велика Британија и Анкор Ват во Камбоџа.

Кокино има неверојатна астрономска прецизност и има централно опсерваторско место и помошни опсерваторски места.  Опсерваторијата ги одредува четирите главни позиции на Месечината и трите главни позиции на Сонцето во текот на годината, есенска и пролетна рамноденица и најдолгиот и најкраткиот ден во годината. Еден специјално позициониран означувач покажува дека опсерваторијата, исто така, се користела за следење на движењето на созвездието Плејадес.

Кокино затемнување

Од самото сознание дека на Кокино многу внимателно се набљудувало движењето на Месечината во долги временски периоди се наметна прашањето дали на древните набљудувачи на небото им биле познати циклусите на затемнување на Сонцето и Месечината.
Искуството во анализата на дизајнирањето на просторот на опсерваторијата покажува дека за секој посебен вид на активности имало изработено посебно место за набљудување и изработени посебни камени маркери на источниот хоризонт кои се гледаат само од тоа место. Истиот принцип важи и за следењето на затемнувањето на Сонцето и Месечината.

Мегалитската опсерваторија Кокино се наоѓа во североисточниот дел на Мекедонија, во близина на границата со Србија (попрецизно: географска ширина 42° 15′ 47”, географска должина 21° 57′ 32”). Таа се наоѓа во атарот на селото Кокино, на границата со селото Арбанашко. Целиот регион денес е ретко населен, така што во десетината околни села живеат помалку од 1.000 жители.

Во поширокиот регион регистрирани се голем број на археолошки наоѓалишта од неолитскиот до средновековниот период. Тоа значи дека целиот регион има историја во должина од најмалку 6 000 години преполна со значајни населби, светилишта, настани и личности.

Според историските и археолошките податоци долината на реката Пчиња како природен коридор во централниот дел на Балканскиот Полуостров во далечното минато имала големо значење во преселбите на народите како и во воените походи кои се движеле во насоката север-југ.
При посетата на овој регион од левата страна на реката Пчиња лесно се забележува необичниот облик на планинскиот врв Татиќев Камен кој доминира на источниот хоризонт.

Карактеристичниот изглед на андензитните карпи и природните пукнатини на праисториските жители им овозможиле на релативно лесен начин да обликуваат структури кои се користеле како планинско светилиште, како и елементи на мегалитска опсерваторија. Сите овие структури распоредени се на две скалесто поставени платформи со висинска разлика од дваесетина метри.

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi