Машко-женското пријателство претставува многу оспорувана врска. Многумина веруваат дека е невозможно со спротивниот пол да се биде само пријател. Без никаква сексуална желба или љубовна емоција? Секогаш некој сака да има нешто повеќе, само прашањето е кога.
Луѓето кои на овој однос гледаат на овој начин никогаш всушност немале пријател од спротивниот пол. Дека, не постои машко-женско пријателство сметаат луѓе кои не биле во можност да одржат ваков однос, па поради тоа создаваат вакви сценарија и не го признаваат ваквото пријателство. Вистината е всушност многу едноставна. Машко-женското пријателство е само пријателство и ништо повеќе од тоа.
Постојат два вида на машко-женско пријателство. Првата категорија е односот во кој машкото и женското не чувствуваат никаква сексуална привлечност. Не постои разлика меѓу вашиот однос со најдобрата пријателка и вашиот однос со него.
Во втората категорија спаѓаат пријателите кои некогаш можеби имале некакви скриени чувства. Но, тие заклучиле дека едноставно не функционираат како двојка па станале пријатели.
Ниту еден од моите партнери до сега не можеа а да не преречат за – моите машки пријатели. Ние се знаеме од основно училиште. Неколку стекнав во средно училиште. Во текот на моите тинејџерски години бевме неразделни. Излегувавме заедно, пиевме кафе, одевме на кино, во ресторани – правиме сè што сум правела со моите пријателки. На почетокот на секоја врска кажувам отворено – нема причина за љубомора. Тие беа овде пред секоја љубовна врска и остануваат после секој љубовна однос.
Нормално е дека сите оние кои никогаш немале вакво пријателство, тешко е да се разбере како може да нема секс. Причината е едноставна – машко женските пријателства се асексуални. Како што твојата девојка не сака да ја изневери својата пријателка, така не сака да го изневери и својот пријател од машкиот пол.
Причината за одбивање на оваа категорија на пријателства е од страна на две сосема различни видови на луѓе – оние кои можат и оние кои не можат да бидат пријатели со спротивниот пол. Едноставно, постојат луѓе кои не се способни за развивање на пријателство со спротивниот пол.
Друга категорија на луѓе се оние кои веруваат дека спротивниот пол е резервирана само за врски, секс. Дефинитивно не се во право. Секој избира свој начин на пријателски односи и треба да се почитува изборот на другите.
Доколку спаѓате во втората категорија, вашата нова девојка ќе се соочи со проблеми кои вие ги имате креирано во вашата глава. Ќе размислувате што ќе се случи кога таа ќе излезе со него, зошто оди со него во кино или на вечера. Започнувате да и замерувате и овде веќе настануваат проблемите. Тоа е всушност исто, доколку вашата девојка покаже дека е љубоморна на вашите пријатели – и постојано ви повторува како нејзе и смета вашето дружење со нив.
Мислите дека е психопатка која ве гуши. А, вие што сте?
Запознајте ги нејзините пријатели. Можеби ќе стекнете ново друштво.Бидејќи во овие машко женски пријателства постојат и предности – кога ќе излегувате со нив, нема да се чувствувате дека сте дел од некој “кокошарник“. Сепак подобро можете да се разберете со машки. Во повеќето случаи, девојките кои имаат машки пријатели се помалку комплицирани. Во голем број на случаи тие размислуваат како машките – едноставно и без многу анализи. Всушност, на тоа ја имаат научено нејзините машките пријатели.
Можеби е време да го промените своето мислење и да бидете благодарни на нејзините машки пријатели.