Прицезата Кејт, го наследи накитот…

popara25 јули, 20111min00
kejt_0

Принцот Вилијам на својата сопуга, принцезата Кејт и ги поклонил омилените обетки на неговата покојна мајка Лејди Дајана. Принцезата Кејт прв пат е забележана со ново парче накит за време на тенискиот турнир на Вимблдон, а потоа и за време на посетата на кралскиот пар во Канада и Америка. Обетките украсени со сафири, совршено се вклопуваат со вереничкиот прстен, кој Кејт исто така го наследила од Дајана.

Сега кога се во брак, Вилијам сакал Кејт да добие некои од омилените парчиња накит од неговата мајка – изјавува анонимен извор, додавајќи дека принцезата ги дала обетките да се преобликуват, за подобро да и одговараат на прстенот.

Интересно е дека британската јавност постојано ја споредува Кејт со Дајана, а ова произлегува од посетата на Кејт на Канада, каде се појавила во многу слична дневна комбинација како на Дајана кога со Чарлс се појавила на првата официјална посета.

Туристите кои во текот на летото ќе се наоѓаат во Лондон ќе имаат прилика да ја видат познатата венчаница која Кејт ја носеше на венчавката, а сега се наоѓа во Бакингемската палата. Бидејќи влезниците се 30 евра, се претпоставува дека во кралската каса ќе се слеат околу 14 милиони евра. Фигурата им се допаѓа на сите, освен на кралицата која вели дека куклата без глава изгледа “језиво”.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag