Мали зелени сепак имаше во случајот Росвел!

popara18 јули, 20111min00
roswell_385665S1

Во извештајот на специјалниот агент Guy Hottel кој датира од 22 1950 година се спопменуваат три “летечки чинии“ откриени во Ново Мексико.

ФБИ на својата нова страница Vault објавил, измеѓу другото повеќе документи за вонземјаните, а особено е интересен меморандумот од специјалниот агент Guy Hottel, каде се наведува постоењето на летечки чинии во близина на Росвел.

Агентот  Hottel во својот извештај, кој инаку е базиран на сведочење од неименуван истражувач на воздухопловна единица, спомнува “летачки чинии“ со кружен облик со дијаметар од 15 метри. Од секој од овие три објекти биле пронајдени тела во човечки форми, високи околу 91 сантиметри, а облечени во непознати метални облеки кои наликувале на пилотски.

Како што е наведено во меморандумот, неименуваниот истражувач навел дека летачките чинии од Ново Мексико биле срушени поради силни радарски сигнали, кои ги нарушиле механизмите за контрола на непознатите летала.

НЛО теоретичарите во меѓувреме задоволно почнале да ги тријат рацете, а ФБИ на иста тема објавил и уште еден документ, со понов датум, кој опишува хексаголно тело кое виси на балон со дијаметар од 12 метри. Непознатиот објект потсетувал на метеоролошки балон опремен со рефлектори за радари.

Пронајдената чинија и балон биле однесени во базата во Wright Patterson за понатамошна истрага. Резултатите од таа истрага научниците од воздухопловната база требале да ги достават на проценка во канцелариите во Синсинати, стоело во друг документ. Но, дополнителна истрага никогаш не била спроведена.

Прашањето е, може ли другите документи да се сметаат како потврдување на првиот документ. Со оглед дека другите се од понов датум за разлика од првиот, а дека информациите од првиот документ биле претпоставки кои требало да се проверат, постојат мислења дека другите (новите) документи ги појаснуваат фактите во случајот со срушените објекти од првиот документ.

Според познатите информации, НЛО во Росвел наводно се срушил на 2 јуни во 1942 година, а дека телата на вонземјанците биле пренесени во воената база на обдукција. Владата на САД подоцна, ги отфрли сите шпекулации, а во извештајот навеле дека во Росвел паднал метеоролошки балон.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag