Малку се чудни бугарскиве секташи:)

popara22 август, 20111min00
sekta

Следбеници на сектата попозната како „Бело братство го изведуваат нивниот свет ритуал на планината Рила во Бугарија.

Илјадници следбеници на сектата „Бело братство“ формираат огромни кругови на планината Рила во Бугарија и така го прославуваат завршетокот на летото и почетокот на новата година по нивниот календар и верување.

Голем број на верници кои ја почитуваат христијанската и хиндуистичката религија, секоја година се собираат на Рила во близина на езерото Бабрек и започнуваат да пеат духовни песни во моментот кога сонцето изгрева. Веднаш потоа, го изведуваат светиот танц кој се вика „Paneurhythmy“ и со кој им се оддава почит на планетите и на ѕвездите.

Овој необичен ритуал се изведува уште од 1929 година. За основач на „Белата секта“ чиешто право име е „Beinsa Duno“ се смета Петар Деунов кој починал во 1944 година. Овие верници се мирни и главно се заложуваат за љубов во братството, за здрава исхрана и живот во согласност со природата.

На видеото можете да видите дел од овој чудесен ритуал:

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag