Мама си ја брани ќеркичката Ким Кардашијан! Кутрата таа:)))
Крис Џенер застана во одбрана на нејзината ќерка Ким Кардашијан која одлучи да се разведе од кошаркарот Крис Хамфрис по 72 дена брак. Таа откри дека дури била изненадена од одлуката на нејзината ќерка што одлучила по толку кратко време да го прекине бракот.
“Ова е навистина страшна ситуација. Ким мораше да донесе навистина тешка одлука”. Таа е возрасна жена, на која и треба мојата поддршка “, изјави 55-годишната Крис и додаде:
“Луѓето треба да престанат да ја осудуваат и да ја пуштат да го направи тоа што мора. Тоа не е лесно за неа. ”
Таа ги отфрли извештаите дека нејзината ќерка заработила милиони долари од емитувањето на нејзината свадба. “Ниту еден долар не е заработен од свадбата. Поточно, милиони долари тие потрошиле на свадбата, што значи дека таа беше убедена дека бракот ќе трае вечно “, вели мајка и.
Што се однесува за подароците од свадбата, мајка и е убедена дека Ким ќе ги предаде на некоја хуманитарна организација или детска болница. “И така таа, тоа често го прави,”, заклучува Крис Џенер.