Манчини најсериозен кандидат за нов тренер на Јувентус

20 април, 20110
рр

Во Јувентус планираат целосен ремонт како на играчкиот кадар така и на стручниот штаб, па така деновите на тренерот Луиџи Дел Нери во клубот од Торино се одбројани, а како негова замена во италијанските медиуми најчесто фигурира Роберто Манчини.

“Газета дело Спорт” потсетува дека генералниот директор на “старата дама” Лучано Моџи и Манчини веќе одржале неколку разговори за кои е речено дека се работи за средби на двајца пријатели кои разговарале за фудбалски теми, но сега е потполно јасно дека се работи за почетно “испитување на можностите”.

Манчини моментално го води Манчестер Сити и се наоѓа на одличен пат по многу години пост да го донесе првиот трофеј, бидејќи клубот ќе игра во финалето од ФА Купот, а покрај тоа “граѓаните” следната година веројатно ќе играат макар во квалификациите за Лигата на Шампионите, што не е случај и со Јувентус кој повторно ќе мора да се задоволи со учество во Лигата на Европа.

Извор: Спортнет

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi