Манчини нуди 30 милиони евра за Санчез

19 мај, 20110
alexis_sanchez

Алексис Санчез не престанува да ги полни медиумите, ниту се престанува со лицитацијата кога и каде ќе ја напушти екипата на Удинезе. Според последните информации, уште еден тим кој со задоволство би го видел во своите редови е Манчестер Сити.

Менаџерот на “граѓаните” Роберто Манчини сериозно размислува да му понуди на тимот од “Фриули” 30 милиони евра за услугите на овој сјаен крилен напаѓач.

Италијанскиот стратег смета дека со оваа цифра би можел да го ‘претрка’ Интер кој уште од порано покажа интерес за чилеанскиот репрезентативец. Апетитите на Манчини и генерално клубот од “Истлендс” значајно пораснаа по пласманот во Лигата на Шампионите и освојувањето на ФА Купот.

Од друга страна, главниот адут ‘нероазурите’ се надеваат дека 22-годишниот фудбалер сеуште нема намера да ја напушти Италија, бидејќи неколку пати истакнуваше дека му се допаѓа тамошниот живот.

Санчез во Европа стигна пред три години од Ривер Плата, а за Удинезе одигра 91 натпревар и постигна 20 погодоци.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma