Штрос Кан поднесе оставка

19 мај, 20110
0
Директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Доминик Штрос Кан по обвинението за сексуално насилство поднесе оставка.
Во изјавата, 62-годишниот Штрос Кан се обратил до извршниот одбор на ММФ и рекол дека е подготвен веднаш да отстапи од својата должност, јавува “Би-Би-Си“.
“Со голема тага чувствувам одговорност да го известам извршниот одбор на ММФ дека отстапувам од својата функција“, стои во изјавата.
Тој уште еднаш повторил дека не е виновен за обвиненијата што против него ги изнесе хотелска собарка.
“Постојано мислам на мојата сопруга и моите деца, на моето семејство и пријатели. Исто така мислам и на моите колеги со кои работев три години. Заради сите нив сакам да повторам дека обвиненијата против мене се лажни. Сакам да ја заштитам институцијата на која со години верно и служев. Морам да ја соберам сета сила да докажам дека сум невин“, рекол Штрос Кан.
Штрос Кан моментално се наоѓа во затвор во Њујорк, а се очекува неговите адвокати да вложат нова жалба.
ММФ соопшти дека наскоро ќе ја објави постапката за избор на нов извршен директор, а дека во меѓувреме таа должност ќе ја врши Џон Липски.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi