Сопругата и ќерката на Гадафи пристигнале во Тунис

19 мај, 20110
r769457_6534705
Сопругата и ќерката на либискиот лидер Моамер Гадафи пред неколку дена пристигнале во Тунис, пишува “Дневник“, пренесува НетПрес.
Сопругата на Гадафи Сафиа и неговата ќерка Аиша пристигнале во Тунис со либиска делегација на 14 мај и се наоѓаат на островот Џерби, рекол службеник кој останал анонимен.
Не е познато дали сопругата и ќерката на Гадафи патувале со Шокри Ганем, висок претставник на либиската национална нафтена корпорација, за кого се верува дека допатувал во Тунис, со што се чини дека пребегал од неговата земја Либија.
Либиските службеници во Триполи не сакале да го коментираат настанот.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi