Манчини: Тевез останува во Сити

18 мај, 20110
robertom

Тренерот на Манчестер Сити, Роберто Манчини најави по победата над Стоук, дека Карлос Тевез ќе остане во клубот и следната година. “Тој има петгодишен договор и ни најави дека сака да остане. Зборував со него неколку пати во последните дваесет дена, а мое мислење е дека Тевез и следната година ќе игра за нас” изјави Италијанецот. Иднината на Аргентинецот во Сити беше неизвесна, бидејќи од декември месец минатата година побара одврзани раце во потрага по нова средина, но затоа по финалето од ФА купот изјави дека поради своето семејство посакува да се врати во Аргентина. “Во декември Тевез имаше проблеми. Сепак секој има право да го промени мислењето” објасни Манчини. Тевез по вториот погодок на мечот со Стоук го извади штитникот за нога, на кој го имаше грбот на Сити и го баци, што многумина го сватија како потврда за верност кон клубот и најавуваат останување на Аргентинецот во Манчестер.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi