Роберт Пешут е роден на 1 декември 1965 година во Љубљана, Словенија. Тој е познат по уметничкото име Мањифико.
Неговиот музички пат го започува во музичката група U’redu, каде го снима својот прв албум, Let’s Dance (1992). Потоа Мањифико започнува своја соло кариера каде за 12 години музичка кариера има снимено 6 музички албуми. Многу од неговите песни станале важен дел од словенечката музичка историја. Некои од нив се “Silvija” (1998), “Kdo je čefur”, “24.000 poljubov” и “Hir Aj Кам hir Aj Go” (кои исто така биле големи хитови во некои земји од Екс Југославија.
Во текот на неговата кариера, тој прави комбинација на Балкан фолк, диско, фанк и електронска музика, создавајќи еден нов успешен стил.
Неговиот стил на облекување, цитатите и неговиот перформанс му донеле голема слава во Словенија но и во други земји.
Тој е исто така е автор на музиката за “Samo Ljubezen”, за ЕМА 2002, на групата Sestre).
Мањифико моментално има договор со продуцентската куќа Piranha Musik.
Тој, исто така се има појавено и како актер во неколку словенски филмови, како што се: Stereotip, Kajmak In Marmelada, Poker and Porno film.
Дискографија:
Let’s Dance (with U’redu), 1992
Od srca do srca, 1993
Kdo je čefur, 1996
Stereotip (soundtrack), 1997
Sexy Boy, 1999
Komplet (hit songs), 2001
Export-Import, 2003
Grande Finale, 2007 Look more
Srečno, 2008
Magnification, 2010 Look more
http://www.youtube.com/watch?v=DzoFSNQ2WM4