Мантили – апсолутен хит оваа сезона

15 ноември, 20110
mantili

Мантилите се апсолутен хит оваа сезона, како за мажите, така и за жените.

Боите и материјалите на мантилите не се толку важни. Најважно е да изберете модел кој совршено ќе и пролега на вашата фигура. Оваа сезона, дизајнерите понудија огромен избор на дизајни и модели на мантили, кои се практични и прилегаат на секоја пригода.

Секогаш во мода се класичните модели, со должина до колена и благо нагласен струк. Интересни се и оние мантили со симетрични и асиметрични копчиња во два реда, како и моделите со широки ракави кај рамениците, кои визуелно го издолжуваат телото.

За оваа зима изберете мантил во елегантна боја која може да ја искомбинирате со повеќе видови на стајлинг. Изберете мантил со кожа со истакнати рамена, а доколку сте од оние кои имаат прохрабар начин на облекување, изберете животински принт или пак дизајн со точки.

За мажите останува класика, мантил во црна, сива или тегет нијанса со рамен крој и симетрични копчиња, кој ќе му даде доза на елеганција на секој стајлинг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi