Американската пејачка Мараја Кери, добила хонорар од два милиони американски долари од семејството Гадафи, за да им пее на новогодишна вечер, пред две години, пишува британски “Гардијан“, пренесува Нетпрес.
Кери денеска за новинската агенција АП, изјавила дека се чувствува ужасно и засрамено од тоа што го направила, сo оглед на моментната ситуација во Либија.
“Бев наивна и навистина незнаев кој е нарачател на мојот настап“, објаснувала пејачката.
Според “Индипендент“, 40-годишната пејачка е едно од 22-те лица, кои се пријатели на синот на Моамер Гадафи, Саиф ал-Ислам, на социјалната мрежа “Твитер“. Таа сепак, не кажала за колкав хонорар настапила на новогодишната ноќ во 2008, на Сент Бартс на Карибите, каде семјеството Гадафи прославувало. Парите за само четири нумери, кои ги извела, и’ ги исплатил Мутасим Гадафи.
Инаку, досега е објавено дека покрај Мараја Кери, уште пет светски поп-ѕвезди настапувале за семејството Гадафи за милионски хонорари-Бијонси Ноулс, Нели Фуртадо, Ашер, Џастин Тимберлејк и Фифти Сент.
Извор: Нетпрес