Марамата како моден додаток

1 февруари, 20110
marami 4

Марамите се едни од најкористените додатоци. Може да ги користите во најразлични комбинации и стилови. И оваа сезона пролет-лето 2011, се препорачуваат марамите како модни додатоци. Нека бидат дел од вашиот аутфит. Во зависност од стилот, употребете ги марамите од свила, памук, обични, стилкси. Може да бидат во најразлична големина. Малите врзете ги околу вратот, а големите прекријте ги околу вашите рамена. Оние поголемите може да ги употребите како наметки, ставајќи им појас околу половината. Марамите може да ги носите и како моден додаток на главата. Доколку се вклопува на вашиот стил марамата може да ја свиткате во триаголник и да ја врзете на колковите, така што ќе ја врзете на едната страна од колковите. Марамите може да ги носите и како вратоврска. Може исто така да ги употребите и како аксесоар на вашата чанта, врзувајќи ја околу рачката на чантата. Марамите може да ги носите уште на многу начини, доволно е само да ја употребете вашата креативност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi