На маратонот кој го организираше СкотиаБанк во Торонто, Канада, беа срушени дури четири гинисови рекорди. Маратонот за Гинис беше долг дури 42,2 километри, а натпреварувачите се соочија со студени температури и силен ветер. Издржливите канаѓани успеаа да ги постават следните рекорди:
Најбрзо истрчан полумаратон од маскота: го постави Дејвид Хиделстон облечен како кучето Џеферсон од MyNextRace, а рекордот изнесува 1 час, 46 минути и 27 секудни.
Најбрзо истрчан маратон од суперхерој: облечен како Флеш, Стефан Хетерингот го истрча маратонот за неверојатни 2 часа, 35 минути и 56 секунди.
Најбрзо истрчан маратон од учесник облечен како шише: го постави Марк Вилдинг, а рекордот изнесува 3 часа, 53 минути и 26 секунди.
Најстара личност која истрчала маратон: Индиецот Фауја Синг, со своите 100 години, влезе во Гинис како најстара личност која истрчала маратон. Тој успеа да го заврши маратонот за 8 часа 11 минути и 59 секунди.