Маратонски рекорди на маратонот во Торонто!!!

22 октомври, 20110
naslovna

На маратонот кој го организираше СкотиаБанк во Торонто, Канада, беа срушени дури четири гинисови рекорди. Маратонот за Гинис беше долг дури 42,2 километри, а натпреварувачите се соочија со студени температури и силен ветер. Издржливите канаѓани успеаа да ги постават следните рекорди:

Најбрзо  истрчан полумаратон од маскота: го постави Дејвид Хиделстон облечен како кучето Џеферсон од MyNextRace, а рекордот изнесува 1 час, 46 минути и 27 секудни.

Најбрзо истрчан маратон од суперхерој: облечен како Флеш, Стефан Хетерингот го истрча маратонот за неверојатни 2 часа, 35 минути и 56 секунди.

Најбрзо истрчан маратон од учесник облечен како шише: го постави Марк Вилдинг, а рекордот изнесува 3 часа, 53 минути и 26 секунди.

Најстара личност која истрчала маратон: Индиецот Фауја Синг, со своите 100 години, влезе во Гинис како најстара личност која истрчала маратон. Тој успеа да го заврши маратонот за 8 часа 11 минути и 59 секунди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *