Марија Јетер: Џастин ме одведе во тоалет, стана премногу груб и одби да стави кондом! Малиов “страва” бил:(

9 ноември, 20110
8888888

Во потресното интервју во шоуто The Insider, 20-годишната Марија Јетер целата во солзи го опишала сексуалниот однос со канадската ѕвезда Џастин Бибер.
“Ова е многу сериозна ситуација. Предходно не излегов во јавноста, бидејќи многу се плашев и се уште се плашам “, изјавила видно потресена Мараја Јетер.
Сепак, таа продолжува со својата приказна: “Мојата мајка ми купи билет за концертот во Лос Анџелес. По концертот, едно лице од обезбедувањето ми пријде и ми рече дека сум поканета во Бекстејџот заедно со други млади девојки кои Џастин сакал да ги запознае. Штом влегов зад сцената, веднаш му се допаднав на Џастин. Почнавме да разговараме, но бидејќи имаше многу луѓе во наша близина, ме замоли да одиме некаде каде што можеме да бидеме сами. На почетокот беше многу сладок и ми рече дека сака да води љубов со мене. Но, кога стигнавме до тоалетот, тој стана многу груб и почна вулгарно да се однесува. Во тој момент му реков да стави кондом, но тој одби, со образложение дека ова му е прв пат “, раскажала Марија, која и денес тврди дека Џастин е татко на нејзиното дете.
Од друга страна, Џастин и неговата мајка изјавиле дека младиот пејач по концертот веднаш влегол во автомобилот и заминал.

Марија изјавила дека има докази дека Џастин е татко на нејзиното дете и сите доказни материјали ќе бидат приложени на судот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi