Марк Ентони ја клецкал жена му на Вил Смит! Вил ги фатил “живи” во својата куќа:))

25 август, 20110
jadaMArc

Приказната за разделбата на славниот холивудски брачен пар Вил Смит и Џеда Пинкет Смит деновиве стана позачинета! Според напишаното во списанието “In Touch” Вил почнал да се сомнева во верноста на својата сопруга поради гласините за нејзината наводна врска со свежо разведениот Марк Ентони.

Смит ненајавено се вратил дома од снимањето на неговиот нов филмски проект со цел да ја “фати” неподготвена својата сопруга со наводно новата љубов, бившиот на Џенифер Лопез и скоро разведен Марк Ентони. Според кажаното во “TMZ” после “виденото” тој наводно ја напуштил куќата” плачејќи”.

Вчера парот се изјасни во врска со ова дека е невистина. Еве што изјавиле за FOX411:

“Глсините што деновиве циркурилаат по разни медиуми односно распадот на нашата врска се потполно невистинити. Ние сме сеуште заедно и нашиот брак е стабилен.”

Треј Смит, синот на Вил од неговиот прв брак деновиве на Твитер го споделил следниов коментар по повод наводната разделба на неговиот татко и Џеда. “Тие нема да се разделат, ова се само невистини и лажни информации.”

Во меѓувреме “TMZ” повторно објавува информација од извор близок на брачниот пар дека нивната разделба не е исклучена како опција, и дека семејството прави планови за заеднички одмор можеби како последен обид да го спасат нивниот брак.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *